
Federal Electric е основана во 1990 година во Адапазари, Турција. За кратко време го зазема своето место меѓу водечките производители на нисконапонска опрема во светот.
- Основана
- 1990
- Производи во програмата
- 3.250
- Површина на фабриката
- 40.000 m²
Основана е со 100% домашен капитал, на вкупна површина од 40.000 m², од кои 25.000 m² се покриени. Производната програма опфаќа 3.250 производи.
Federal Electric моментално произведува 95% од асортиманот на нисконапонска опрема и го продолжува развојот на преостанатите 5%. Благодарение на постојаното вложување во развој, од институционализација до технолошки иновации, стана број 1 или 2 на домашниот пазар. Тоа е единствената турска компанија со сериозен удел на светскиот пазар на нисконапонски производи.
Својот развој го спроведе следејќи ги меѓународните стандарди и е меѓу првите 70 институции во Турција што добија сертификат ISO 9000. На 1. меѓународен конгрес за технолошки квалитет и производни системи е наградена како компанија што совршено го применува системот за обезбедување квалитет TS-EN-9000.
Federal вложува големи средства во развој и поседува регистрации на индустриски дизајн и патенти во Турција и во светот за 100 производи. Сите процеси, од суровините до залихите на готови производи, ги следи ERP софтвер со баркод систем, воведен во 1995 година како прв во Турција, со што грешките при евиденцијата и броењето во складиштата се сведени под 0,5%.
Асортиман на Federal Electric
Раставни осигурувачки подножјаЦена на барање
Осигурувачки летвиЦена на барање
Товарни склопкиЦена на барање
Ножести осигурувачи и подножјаЦена на барање
Цилиндрични осигурувачи и подножјаЦена на барање
Струјни мерни трансформаториЦена на барање
Цените истакнати на веб-страницата се големопродажни, без пресметан ДДВ. Одобруваме рабат во зависност од количината на нарачаната стока, начинот на плаќање и вкупната досегашна соработка.
