- Почетна
- Производство
- НН блокови
НН блокови 0,4 kV
Распределба на електричната енергија од трафостаницата до крајните потрошувачи.
Нисконапонски разводни блокови 0,4 kV
Во зависност од потребите и карактерот на потрошувачката, овие постројки се користат за распределба на електричната енергија во трафостаницата кон крајните потрошувачи. Како дополнителни блокови можат да имаат блок за компензација на реактивна енергија или блок за јавно осветлување.
Секогаш се состојат од доводно и разводно поле, додека полето за компензација и полето за јавно осветлување се опциони.
Доводно поле
Доводното поле е директно поврзано со НН страната на трансформаторот и опремено со компакт прекинувач усогласен со моќноста на трансформаторот. Содржи и елементи за отчитување на напонот, моменталната струја на оптоварување и максималната струја на оптоварување. Во рамките на доводното поле може да биде монтирана фиксна компензација на празниот од на трансформаторот или некој дополнителен извод.
Разводно поле
Разводното поле стандардно се испорачува со 8 изводи од 400 A, најчесто со изолирани осигурувачки летви, осигурувачки подножја или триполни раставни осигурувачки летви.
- Напон
- 0,4 kV
- Стандардно изводи
- 8 × 400 A
- Опционо
- компензација, јавно осветлување
