Работно време: понеделник – петок, 8–16 ч.
  1. Почетна
  2. Производство
  3. Ормани за компензација

Ормани за компензација на реактивна енергија

Намалете го трошокот за реактивна енергија и за повеќе од 80%. Инвестицијата најчесто се враќа за помалку од две години.

ABM ELEKTRO, со цел заштеда на електрична енергија и подигнување на енергетската ефикасност, вградува опрема за компензација на реактивна енергија.

Компензацијата на реактивна енергија е едно од најефикасните решенија за намалување на трошоците за електрична енергија, со краток рок на враќање на инвестицијата: помалку од две години кај повеќето проекти.

Враќање на инвестицијата
помалку од 2 години
Помал трошок за реактивна енергија
и над 80%
Опрема
Rade Končar, Скопје

Најголеми потрошувачи на реактивна енергија се електромоторите, трансформаторите и индукционите печки, но и флуоресцентното осветлување, уредите за заварување и други.

Ако имате мерна група со броило што ја регистрира потрошувачката и на активна и на реактивна енергија, обрнете внимание на пресметката на реактивната енергија во сметката. Со вградување на соодветен орман за компензација трошокот за реактивна енергија може да се намали и за над 80%, што значително ја намалува вкупната сметка за електрична енергија.

Користиме опрема за компензација од реномираниот производител Rade Končar од Скопје и ја вградуваме во сертифицирани ормани од сопствено производство, со соодветна IP заштита. Така го реализираме системот за компензација на реактивна енергија во вашиот погон по принципот „клуч на рака“. Нашите клиенти штедат пари и го намалуваат влијанието на своите погони врз животната средина.

Продаваме и поединечна опрема за компензација од производителот Rade Končar: кондензаторски батерии, регулатори на фактор на моќност, пригушници и кондензаторски контактори.

Ценовници на опрема за компензација

Цените истакнати на веб-страницата се големопродажни, без пресметан ДДВ. Одобруваме рабат во зависност од количината на нарачаната стока, начинот на плаќање и вкупната досегашна соработка.