Работно време: понеделник – петок, 8–16 ч.
  1. Почетна
  2. Ценовници
  3. HYDRA батерии

HYDRA кондензаторски батерии

Кондензаторски батерии за корекција на факторот на моќност.

HYDRA лого

Hydra е еден од најискусните производители на кондензаторски батерии во светот, со повеќе од 100 години искуство во нивното производство.

Основана во Германија (Берлин), Hydra произведува повеќе од 20 милиони кондензатори годишно во два погона. Седиштето и 50% од производството се во Чешка, а другиот погон е во Виетнам, каде што се произведува за азиските пазари, но и големи нарачки за европскиот пазар.

Целта на Hydra е да произведува кондензаторски батерии со највисок квалитет. Во текот на производството се контролира секој кондензатор, а по производството се вршат дополнителни случајни тестови. Дури откако ќе ги поминат сите тестови, кондензаторите се пуштаат во испорака.

Благодарение на високите стандарди за квалитет, Hydra е многу силна на пазарот на енергетски кондензатори. Таа е еден од водечките добавувачи на кондензатори за сите главни производители на бела техника, како и за речиси сите производители на пумпи, мотори и компресори.

Ценовник

Цените истакнати на веб-страницата се големопродажни, без пресметан ДДВ. Одобруваме рабат во зависност од количината на нарачаната стока, начинот на плаќање и вкупната досегашна соработка.

Ормани за компензација на реактивна енергија