- Почетна
- Производство
- Електро ормани
Електро ормани
Метални, алуминиумски и инокс разводни ормани, кабелски приклучни и мерно-разводни ормани, празни или комплетно ожичени.
Метални разводни ормани
Разводните ормани се наменети за сместување и вградување на различна електро опрема.
Во зависност од материјалот, електро орманите од нашата понуда можат да бидат:
- Метални ормани: стандардна понуда, од залиха за стандардни димензии
- Алуминиумски ормани: по нарачка
- Инокс ормани: по нарачка
Предвидени се за монтажа на ѕид, во ѕид и на подножје како самостојни, а со секој се испорачува потребниот прибор за монтажа.
Метални ормани
Металните ормани се изработуваат од ладновалан челичен лим, чија дебелина зависи од димензијата на орманот. Заштитени се со технологија на електростатско нанесување полиестерски структурен прав, кој дава висока отпорност на влијанијата од надворешната средина и одличен изглед.
На вратата на орманот, од внатрешната страна, вертикално се заварени два профила, кои ја зајакнуваат вратата и служат за монтажа на опрема. Во цената на орманот е пресметана монтажна плоча од поцинкуван лим со дебелина од 2 mm.
- Стандарден степен на заштита
- IP55, сертифицирано
- Ормани повисоки од 600 mm
- и IP65, IP66
- Монтажна плоча
- поцинкувана, 2 mm
Стандардните димензии на орманите се дадени во ценовникот. На барање на купувачот изработуваме орман со посакуваните димензии во многу краток рок.
Особено поволно испорачуваме комплетно ожичен орман, со опрема ожичена според документацијата (еднополната шема) што ја дава купувачот или според сопствено решение.
Кабелски приклучни ормани (КПО)
Кабелските приклучни ормани се наменети за приклучување на објекти на електричната мрежа.
Ги произведуваме од челичен ладновалан лим со дебелина од 1 mm и ги заштитуваме со технологија на електростатско нанесување полиестерски структурен прав.
Се изработуваат во три големини, кои се избираат според инсталираната моќност на објектот, односно големината на високоучинскиот осигурувач (160, 250 и 400 A) и пресекот на влезниот и излезниот кабел.
| Тип | Димензии (mm) | Влезен / излезен кабел |
|---|---|---|
| КПО 160 A | 275 × 350 × 135 | до 70 / 50 mm² |
| КПО 250 A | 400 × 450 × 150 | до 150 / 95 mm² |
| КПО 400 A | 400 × 600 × 150 | до 150 / до 150 mm² |
Воведувањето на кабелот е олеснето бидејќи долната заштитна плоча е демонтажна, а дното е отворено, со рабови обложени со заштитна гума. Покрај нултата собирница, орманите на бочната страна имаат и собирница за заземјување.
Се нудат празни или со опрема (комплет со подножје, нулта и заштитна собирница).
Мерно-разводни ормани (МРО)
Мерно-разводните ормани се наменети за вградување уреди за мерење на електричната енергија. Препознатливи се по отворите на вратата, низ кои се отчитуваат мерните уреди. Се состојат од три целини: приклучен, мерен и разводен дел.
Ги произведуваме од челичен ладновалан лим и ги заштитуваме со технологија на електростатско нанесување полиестерски структурен прав.
Се изработуваат во повеќе димензии и со различен внатрешен распоред, во согласност со техничките услови на електродистрибуцијата во чија надлежност се. Изработуваме ормани за објекти од сите намени: станбени објекти од сите големини и ормани за мерни групи за индустриски и комерцијални објекти.
Можат да бидат за монтажа на ѕид или во ѕид, празни или, на барање на купувачот, целосно опремени.
Ценовник на ормани
Цените истакнати на веб-страницата се големопродажни, без пресметан ДДВ. Одобруваме рабат во зависност од количината на нарачаната стока, начинот на плаќање и вкупната досегашна соработка.
